В среда со почеток од 14 часот Работнички – Брегалница и Tетекс – Металург ќе ги одиграат првите полуфинални натпревари во Купот на Македонија.

Двата дуели ќе бидат интересни, но „прволигашката средба“ секако дека ќе привлече повеќе внимание бидејќи два тима се наоѓаат во инзводредна форма.

Брегалница во продолжението од шампионатот бележи одлични резултати, а главен виновник е охриѓанецот Ристе Маркоски, кој постигна три погодоци на последните три натпревари. Формата „романтичарите“ ја потврдија со победата 2-1 над Вардар во скопската пресметка.

Во вториот полуфинален дуел Металург е фаворит против второлигашот Тетекс, но натпреварите во Купот знаат понекогаш да тргнат на лошо за фаворитите, а на таква судбина се надеваат „штофарите“.

Мх.П.