Искусниот арбитар Петар Мантев ќе ја дели правдата во реваншот средбата помеѓу Охрид и Лабуништа во рамките од 1/8 финалето во Купот на Македонија.
Во реваншот кој ќе се одигра в среда во 13:30 часот на СРЦ „Билјанини Извори“, Охрид ќе има задача да ја надополни негативата од првиот натпревар одигран во Струга во кој Лабуништа славеше со 2-0.
Охридскиот судија Марјан Ецкоски ја доби најтешката задача на хартија во вторите мечеви од 1/8 финалето во Купот на Македонија. Ецкоски ќе го суди реваншот помеѓу Шкендија и Вардар. Првиот меч во Скопје заврши 2-2.
Двојки 1/8 финале:
Охрид – Лабуништа (0-2)
Шкендија – Вардар (2-2)
Силекс – Шкупи (0-0)
Струга Трим Лум – Борец (0-0)
Осогово – Академија Пандев (0-3)
Работнички – Пелистер (1-1)
Македонија ЃП – Брегалница (0-1)
Ренова – Тиквеш (2-0)
Во заградите се резултатите од првите натпревари.
OhridNews