Уште не спласнуваат в печатоците од неделното дерби помеѓу Вардар и Пелистер, а ждрепката во Купот на Македонија сакаше овие две екипи повторно да се сретнат за две седмици во 1/4 финалето.

Првиот натпревар се игра под “Тумбе Кафе“ додека реваншот се игра на “Филип Втори“. Во преостаните три парови од 1/4 финалето ќе се сретнат Шкендија – Металург, Тетекс – Ренова, Дрита – Силекс. Првите натпревари се играат на 14 октомври.

Мх.П.