Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев ќе се борат за златниот медал во финалето во Купот на Македонија.
Македонија ЃП и Академија Пандев пласманот во финалето го осигураа со идентични победи како во првиот меч. „Лавовите“ со минимални 1-0 стигнаа до вкупен резултат (2-0) против Беласица, додека „пандевци“ со 3-1 ја совладаа Победа и со вкупни 6-2 го заверија билетот за финалето.
Терминот е одреден (22 мај), а ФФМ дополнително ќе го одреди стадионот кој ќе ги пречека финалистите.
OhridNews
Фото: Гол.мк