Фудбалерите на Лабуништа, обезбедија пласман во 1/4 финалето во Купот на Македонија елиминирајќи го Охрид со вкупен резултат (5-2). Тимот на Лабуништа билетот во ТОП 8 го чекираше со нов триумф овој пат подобар беше со 3-2 (2-1). Охрид и покрај елиминацијата не се посрамоти, туку пружи солиден отпор и собра искуство за следните мечеви од Втората МФЛ.
„Зелено црните“, предноста од 2-0 ја зголемија после три минути игра кога повратникот во екипата Пајазит Салиу ја погоди мрежата на Охрид. Во 11-та минута, Лабуништа поведе со 2-0. Стрелец на голот беше Даути Мирлинд.
Охрид после негативата се разбуди и почна да игра а наградата за подобрувањето стигна во финишот од првиот дел кога Александар Целески намали на 2-1.
Фудбалерите на Охрид, теренската иницијатива на стартот од второт полувреме ја капитализираа со изедначувачки погодок. Никола Секулоски од голема далечина го матираше гостинскиот голман Оливер Митрески.
Шанса за трет гол имаа две екипи. Ударот на Илија Далчески ја погоди стативата, додека Охрид најблиску до погодок беше преку Дејан Велевски кој биеше за малку над голот.
Во 83-та минута, Јасин Казимоски ја смести топката во охридската мрежа после одбранетиот удар на Стефан Ташкоски во ситуацијата очи в очи со Каланоски.
Охрид после елиминацијата во Купот на Македонија комплетно треба да се насочи кон мечевите во Втората лига а Лабуништа ја продолжува битката на два фронта.
OhridNews