Во финалето избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар ја совладаа екипата на Зомимак со 26-23 и стигнаа до петтата круна во Купот.
Очекувано индивидуалните награди заминаа во “Автокоманда“. За најдобар ракометар Филип Миркуловски, најдобар голман Дарко Станиќ и најефикасен играч Ренато Вугринец.
Пред составот на Металург престои предизвикот во Супер лигата и тоа гостувањето во “Кале“ кај лутиот ривал Вардар ПРО.