Составот на Саса Каменица приреди најголемо изненадување во 1/16 финалето во Купот на Македонија елиминирајќи го тимот на Борец. Саса после изведување на пеналите славеше со 3-1, откако регуларниот дел од мечот заврши 2-2.

Екипата на Борец е единствена од прволигашите која на успеа да ја помине шеснаесетфиналната фаза во Купот на Македонија.

Со елиминација се соочи и Велешта која на домашен терен изгуби од Кожув со 1-2. Велешта поведе со 1-0 со голот на Христијан Малески. Гостите од Гевгелија израмнија преку Крсте Тодоров, а пресврт го комплетираа со погодокот на Лазар Стојкоски.

Резултати:

Вардар Форино – Вардар 2-2 (8-9 пенали)

Охрид – Ренова 0-4

Силекс – Тетекс 3-0

Кит Го – Скопје (18ч)

Македонија ЃП – Победа 0-0 (5-4)

Пелистер – Љуботен 4-0

Саса – Борец 2-2 (3-1 пенали)

Гостивар – Тиквеш 5-0

Велазерими – Работнички 0-0 (3-4 пенали)

Велешта – Кожув 1-2

Слога – Шкупи 1-2

Росоман – Беласица 1-5

OhridNews