Бранителот на трофејот МЗТ Скопје, Кожув, Работнички, Лирија, Куманово, Струмица, Фени Индустри и Карпош Соколи се осумте екипи кои ќе се борат за пехарот од Купот во Македонија, кој ќе се одржи во Охрид од 6 до 9 февруари.
Охрид и спортската арена „Билјанини Извори“ нема прв пат да организираат завршница од Куп натпреварите. Пред пет години во Охрид трофејот од Купот заврши во рацете на кошаркарите од АМАК СП кои во финалето го совладаа битолски Пелистер.
Ждребката за четврфиналните двојки во Купот ќе се изврши в петок со почеток во 11 часот.
Мх.П.