Екипата на Хоризонт Турново каде настапува охриѓанецот Валентин Кочоски забележа убедлива победа 5-0 над Дрита во првиот меч од четврфиналните натпревари во Купот на Македонија.
Турновци уште во првиот дел наговестија победа откако постигнаа два погодоци. Во вторите 45 минути домаќините со три голоци ја потврдија победата и пласманот во полуфиналето.
Предноста на домашниот терен ја искористија Вардар и Миравци кои славеа триумф над Ренова 3-1 односно Тетекс 1-0.
Четвртиот меч од четвртфиналната фаза ќе се одигра на 26 ноември меѓу Работнички – Еуромилк.
Резултати : Вардар – Ренова 3-1, Х. Турново – Дрита 5-0, Миравци – Тетекс 1-0.
Мх.П.