Во првите полуфинални натпревари во Купот на Македонија, Работнички и Тетекс забележаа идентична победа 2-1 над Ренова односно Хоризонт Турново.
„Романтичарите“ и „штофарите“ во текот на мечот имаа предност од 2-0, но гостите со по еден погодок ги направија реванш натпреварите далеку повозбудливи.
Охриѓанецот во редовите на Работнички, Кире Маркоски заработи директен црвен картон во 95-та минута откако грубо стартуваше врз противнички фудбалер.
Според пропозициите за директен црвен картон се паузира минимум два натпревари така што Куп приказната за охриѓанецот е завршена.
Реванш натпреварите се играат следниот месец на теренот Ренова односно Хоризонт Турново.
Фото : Екипа.мк
Мх.П.