Попладнево во просториите на фудбалската федерација на Македонија беа извлечени двојките во четвртфиналето на македонскиот Куп.

 

Бранителот на титулата Шкендија ќе ја продолжи одбраната против Шкупи, шампионот Вардар за противник во го доби второлигашот Металург, додека преостанатите две двојки ги сочинуваат Пелистер-Силекс, односно Победа-Брегалница.

Првите натпревари од четвртфиналето се играат на 23. ноември од 13:30 часот, а реванш натпревари се закажани за 7. декември од 13 часот.

ohridnews