Градските ривали, Вардар и Металург ќе се сретнат во финалето од 26-то издание на ракометниот Куп на Македонија, кој оваа година се игра во Куманово.
„Металурзите“ за пласман во финалето го совладаа дебитантот Бутел Скопје со 34-31, додека бранителот на трофејот Вардар славеше со 35-30 против Еурофарм Работник.
„Црвено црните“ во финалето ќе ја бркаат 13-та титула, а ракометарите на Металург ќе атакуваат на шестиот трофеј од националниот Куп. Финалето се игра утре (сабота) со почеток во 19 часот.
OhridNews
Фото: Гол.мк