По ждребката во Купот на Македонија сите екипи ги искажаа нивните очекувања за натпреварувањето кое ќе се одржи во Охрид од 6 до 9 февруари. Спортската арена „Билјанини Извори“ по втор пат ќе биде домаќин на Купот во првиот триумфираше охридскиот кошаркарски состав на АМАК СП.
К.К. Струмица – Немавме голема среќа во ждребот ни падна бранителот на трофејот МЗТ Скопје. Нам ни преостанува да се прикажеме во одлично светло.
Тодор Гечески (МЗТ Скопје) – Струмица е добра екипа, таму настапува нашиот екс капитен Тони Грначорв. Ние сме фаворити, но тоа важи само на хартија бидејќи ако не одиграш на терен максимално неможеш да совладаш ниту една екипа. Во Охрид одиме да го одбраниме трофејот и да покажеме дека сме најквалитетна екипа во Македонија.
Александар Мартиќ (МЗТ Скопје) – Купот е специфинчно натпреварување каде секогаш не победуваат најдобрите. Останатите седум екипи ќе го „ловат“ трофејот, а нам ни е работа да го зачуваме во нашите раце.
Ристе Стефанов (Фени Индустри) – Познат ни е противникот во 1/4 финалето, Кожув е тим за респект и нема да ни биде лесно. Секогаш има изненадувања во Купот, па нека биде така и сега.
Марјан Србиновски (Кожув) – Ние сме подготвени за завршницата од Купот. Иако сме фаворити, сепак ние тоа треба да го потврдиме на теренот ако сакаме да обезбедима пласман во полуфиналето.
К.К. Куманово – Го знаеме сите тимот на Работнички, кој полека го враќа стариот сјај. Тие одлично ја започнаа пролетната полусезона што ни гарантира одлична кошаркарска престава во Охрид.
Емил Рајковиќ (Работнички) – Кошаркарите на Куманово играат доста добра кошарка и одлично ја преставуаат Македонија во БИБЛ лигата. Ние нема да биде голем клуб ако имаме мали амбиции, затоа одиме до финалето, а таму може сешто да се случи.
Мх.П.