Изманативе четири денa Охрид беше домаќин на завршницата од националниот кошаркарски куп. Арената „Билјанини Извори“ на едно место го собра кошаркарскиот крем во државава, а со тоа и нивните навивачки групи.

Кошаркарите дадоа се од себе, не се штедеа за боите на клубот и гинеа на теренот. Организациски гледано освен незатоплената сала, Македонската кошаркарска федерација за се друго добро го одработила планот и добива солидна оценка.

Голем минус имаат навивачите кои наместо да ги бодрат своите миленици и клубот тие повеќе се фокусираа на противничките играчи, навивачи, а кога ќе тргнеше лошо и судиите беа на пик.


Исто така навивачите имаат голем минус за некреативноста. Со само еден транспарент помина завршницата од Купот на Македонија и само со едно заедничкио ракопслескање и тоа на химната на нашата земја поминаа четирите кошаркарски денови во „Билјанини Извори“.


Со исклучок во финалето кога „Фемили“ и „Шверцери“ покажаа колку толку меѓусебно почитување се друго беше сведено на навредување на национална основа. Еден меч беше прекинат и се одигра пред празни трибини поради тие испади и вадање на знамиња на други држави во салата и пеење етнички песни.

На навивачката група „Фантоми“ малку им беше навивањето и лудувањето на трибините и да привлечат внимание решија да се слечат како од мајка родени.


Во иднина навивачките групи (ќе) мораат да покажат поголема почит меѓу себе, кон играчите и официјалните лица и секако кон неутралните гледачи кои страдаат по нивните испади бидејќи пред празни трибини спортот го губи својот дух.

Михаил Постоловски