Екипата на Младост Царев Двор обезбеди пласман во најдобрите осум во Купот на Македонија откако во 1/8 финалето го елиминираше тимот на Влазрими со вкупен резултат (7-5).

„Зелено белите“ со ремито во Охрид 3-3 ја зачуваа предноста од првиот натпревар кога во Кичево го совладаа својот ривал со 4-2.

Но, мечот започна одлично за кичевчани кои со головите на Калаба и Зекири поведоа со 2-0.


Домаќините водстово на гостите го анулираа за само во две миниту кога преку Грозданоски 54-та минута намалија, а преку Каланоски во 55-та изедначија.

Комплетен пресврт тимот на Младост направи со голот на Коњарски во 67-та минута а конечните 3-3 ги постави Вренцоски дванаесет минути пред крајот на натпреварот.


Резултати : Пелистер – Вардар 0-2 (1-4), Металург – Шкендија 0-5 (0-2), Работнички – Гостивар 4-0 (4-0), Љубанци – Македонија ЃП 0-0 (2-3), Силекс – Ренова 3-1 (2-1), Скопје – Турново 2-2 (1-3), Шкупи – Брегалница 1-0 (0-2), Младост ЦД – Влазрими 3-3 (4-2).

Мх.П.