Охридските ракометари викендов во Скопје ќе бидат дел од 1/4 финалната група која ќе даде еден од четирите патници во завршницата од Купот на Македонија.
Домаќин на третата група е лидерот на Првата лига, Бутел кој во првата рунда ќе ги одмери силите со Охрид. Втората двојка ја сочинуваат Делчево и Пелистер.
Победниците од овие дуели в недела со почеток во 16 часот ќе играат за билетот вреден пласман во ТОП 4 во Купот на Македонија.
Ракометниот клуб Охрид две години во серија учествуваше во завршницата и двете учества ги заврши во 1/2 финалето. Првата година подобар ривал беше Вардар, а втората Еурофарм Работник.
Распоред:
Сабота:
Делчево – Пелистер (15ч)
Бутел Скопје – Охрид (18:30ч)
Недела:
Финале (16ч).
OhridNews