В петок во Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола во организација на Еурофарм Работник ќе се одигра 1/4 финалната група во Купот на Македонија.
Охридските ракометари во вториот меч од 1/4 финалната група силите ќе ги одмерат со домаќинот и фаворитот за висок пласман Еурофарм Работник. Во првиот натпревар силите ќе ги одмерат Астраион – Вардар.
Победниците од првите двојки ќе се сретнат во финалето. Најдобриот од турнирот ќе биде учесник на завршниот турнир во Купот на Македонија.
Двојки:
(13ч) Астраион – Вардар
(15:30ч) Охрид – Еурофарм Работник
(19:30ч) Финале
OhridNews