Маестралната прва полусезона на охридските ракометари во Супер лигата им донесе пласман во плејофот и улога на носител во ждрепката за 1/4 финалето во Купот на Македонија.
„Гладијаторите“ во првиот шешир заедно се наоѓаат со актуелниот првак Металург, европскиот шампион Вардар и Еурофарм Пелистер. Што значи дека овие три тима не можат да бидат ривали на охридскиот состав во 1/4 финалето.
Ракометната федерација на Македонија (РФМ), треба да ја изврши ждрепката за 1/4 финалните групи, кои, ќе се играат од 10 до 12 април.
Шешири
Прв: Вардар, Еурофарм Пелистер, Металург, Охрид
Втор: Бутел Скопје, Пролет, Радовиш, Вардар Јуниор
Трет: Еурофарм Пелистер 2, Металург 2, Струга, Работнички
Четврти: Тиквеш, Вардар Неготино, КЛ7, Прилеп
OhridNews