Во просториите на ФФМ се одржа прес конференција на финалистите на националниот фудбалски куп кој е закажан за  вторник во Прилеп со почеток во 16ч.  Претставниците и на Металург и на Тетекс изразија респект кон противникот и најавија неизвесно и  квалитетно финале.

Тренерот на ФК Металург , Жикица Тасевски изрази желба ,неговиот клуб да  гоосвои првиот историски трофеј:

– Тетекс  е квалитетен клуб, со искусни фудбалери како што е капитенот Захариевски кој има големо интернационално искуство, сепак сметам дека  имаме одлична полусезона во која играме стабилно,квалитетно со форма во нагорна линија и затоа ја прифаќам улогата на фаворит. Досега имам финале со ФК Маџари како играч и со Работнички како помошник тренер,што  значи посакувам трета среќа и победа нанашиот тим.

Игра  на победа и голем мотив кај соиграчите најави и капитенот Мирослав Вајс кој шансата ја гледа во поквалитетните поединци и големиот професионализам којвладее на организациски план во клубот.

–  И покрај проблемите што ги имаме во последно време , сепак сметам дека  играчите се подготвени да го дадат максимумот, бидејќи вакви натпревари  не се играат често.  Наша желба и чест е да играме занашите верни  навивачи „војводи” и да го одбраниме трофејот истакна тренерот на ФК Тетекс, Тони Јакимовски.

Срѓан Захариевски , капитенот на Тетекс е еден од најискусните во обете екипи  го игра 5. Финале и очекува „штофарите” да го дадат максимумот и  да го  освојат и вториот трофеј.

–  Купнатпреварите се секогаш неизвесни и непредвидливи. Овој пат против  себе го имаме Металург кој го смета мза олицетворение на клуб како што  треба да биде организиран воМакедонија и затоа сметам дека имаме тешка задача, но фокусирани сме на нашата игра,мотивирани сме и можеме да го  изненадиме фаворитот- изјави капитенот на тетовскиот тим.

Натпреварот  се игра на 24.Мај во Прилеп со почетокво 16ч. Според пропозициите во  случајна нерешен резултат ќе се играат продолжетоци а потоа се  изведуваат ипенали. Главен судија е Зоран Бошков. Натпреварот директно  ќего пренесува МТВ.

извор ФФМ

Ohridnews