Со натпреварите во кадетска и младинска конкуренција започнуваат Куп финалињата кои ќе се одиграат на градскиот стадион „Билјанини Извори“ во Охрид.

Во кадетската конкуренција со почеток во 10 часот силите ќе ги одмерат Шкендија и Пелистер, додека во 17 часот во Охрид ќе се судрат Работнички – Шкендија.

Утре (среда) ќе се сретнат пионерите и помладите пионери, додека во четврток на програмата се мечевите помеѓу петлињата и помладите петлиња.

Распоред:

15 мај:

Младинци: Работнички – Шкендија (17ч)

Кадети: Шкендија – Пелистер (10ч)

16 мај:

Пионери: Академија Пандев – Вардар (17ч)

Помлади пионери: Шкендија – Работнички (10ч)

17 мај:

Петлиња: Милано Куманово – Вардар (17ч)

Помлади петлиња: Вардар – Шкендија (10ч)

OhridNews