Шкендија – Вардар, Силекс – Тетекс се полуфиналните двојки во Националниот фудбалски куп на Македонија. По елиминацијата на бранителот Ренова, Куп трофејот ќе добие нов сопственик.

Единствено Шкендија во оваа четворка го нема освоено трофејот во ова натпреварување. Рекордер е Вардар со пет освоени трофеи, два има Силекс, а еден има Тетекс.

Првите полуфинални мечеви се играат на 17 април, додека реванш мечевите ќе се играат на 2 мај.

ohridnews