Дебитантити во куп Финалето Работнички и Милано го напaѓаат првиот трофеј.

Првакот Работнички Кометал и вицешампионот Милано ќе играат во 16. финале во македонскиот фудбалски куп, на Градскиот стадион во Скопје.

Кој и да победи, ќе биде деветтиот македонски клуб што се закитил со пехарот. Досега Вардар (петпати), Слога Ј. (трипати), Силекс (двапати), Цементарница, Победа, Пелистер, Македонија ЃП и Башкими (по еднаш) се запишаа во листата на победници во ова натпреварување

Средбата почнува во 16.30 часот.

ФФМ направи рокада – Петковски ќе го суди финалето!

По притисокот од страна на Кумановскиот Милано ФФМ се реши да го смени главниот судија  скопјанецот Владимир Кипријановски со велешанецот Зоран Петковски, а помошниците остануваат исти – Александар Величковиќ и Сафет Адеми, и двајцата од Скопје.

Како што стои на официјалната веб страна на ФФМ Кипријановски се повлекува од делењето на правдата на утрешната средба, со цел да се избегне било каков притисок врз него како фудбалски судија, или пак некоја ненамерна грешка да биде протолкувана како намерна, или досудена во корист на некоја од екипите.

ohridnews