Фудбалерите на Струга Трим Лум слават историја со пласманот помеѓу најдобрите четири екипи во Купот на Македонија. Покрај струшките фудбалери прогрес во полуфиналето обезбедија Академија Пандев, Брегалница и Шкендија.

Ремито без голови во првиот меч во Струга помеѓу Струга Трим Лум – Ренова во првиот натпревар остави подлога за цврст и претплазив фудбал во Тетово. „Гипсарите“ го направија првиот чекор кон полуфиналето постигнувајќи погодок за водство 1-0 во 23-та минута преку Кадриу. „Црвено белите“ до крајот на полувремето постигнаа изедначувачки погодок и со позитивен резултат заминаа на одмор. Стрелец беше Делиај. Во финишот нападите на Ренова стануваа жестоки, но Струга Трим Лум издржа и со голот на Цветаноски во 84-та минута ја осигураа победа и билетот за ТОП 4.

Историската шанса на Лабуништа за нов успешен лист во клупската историја се претвори во фијаско. Штипска Брегалница не само што ја задржа минимална предност (1-0) од првиот натпревар, туку успеа со убедлива победа (4-1) во Струга да избегне секаква неизвесност. Штипјани дилемите околу победникот и патникот во полуфиналето ги решија во првиот дел во кој постигнаа три погодоци за огромна предност.

Резултати:

Академија Пандев – Шкупи 1-1 (1-0)

Лабуништа – Брегалница 1-4 (0-1)

Работнички – Шкендија 2-2 (1-1)

Ренова – Струга Три Лум 1-2 (0-0)

OhridNews