Кошаркарите на АВ Охрид имаат негатива 52-31 по првото полувреме на мечот со Фени Индустри во 1/4 финалето во Купот на Македонија.
Кавадарчани одлично го започнаа мечот и првите десет минути ги добија со двоцифрена предност на семафарот (24-12).
Во вториот период кошаркарите на Фени Индустри ја зголемија разликата за дополнителни девет поени за водство од 52-31 на полувремето.
Солиден во охридскиот состав е Девин Брукс со 18 поени, додека во гостинскиот тим Чешковиќ има 15 кошеви вкупно.
OhridNews