Ракометарите на Охрид, в среда, на домашен терен во СРЦ „Билјанини Извори“, против екипата на Струга, ќе ги продолжат натпреварите во Купот на Македонија.

„Езерското“ дерби на пограмата е од рамките од 1/4 финалната фаза која се игра по групи. Победникот од дербито Охрид – Струга ќе игра со подобриот од втората четвртфиналната двојка која ја сочинуваат екипите на Бутел Скопје  и Јуниор Кисела Вода.

Двата полуфиналните мечеви од четвртфиналната група се играа в среда, а финалето закажано е за в четврток во 17 часот.

За охриѓани и останатите учесници во плејофот и плејаутот ова е почеток на жесток натпреварувачки ритам. Новата рунда во плејофот ќе се игра в недела, а потоа следуваат мечеви среда-сабота.

Распоред:

Среда: Охрид – Струга (17ч), Бутел Скопје – Јуниор КВ (18ч)

Четврток: Охрид/Струга – Бутел Скопје/Јуниор КВ (17ч).

OhridNews