Две екипи од Работнички, Куманово, Лирија и Карпош Соколи ќе им се придружат на МЗТ Скопје и Кожув во 1/2 финалето од Купот на Македонија.
Петочната програма на 22-то издание на Купот на Македонија ќе го отворат екипите Работнички и Куманово кои ќе се сретнат во 17 и 30 часот.
Во вечерниот термин 20 и 30 часот силите ќе ги одмерат кошаркарите на Лирија и Карпош Соколи.
Победниците од овие дуели в сабота ќе вкрстат во 1/2 финална пресметка која ќе го даде патникот во големото финале.
Мх.П.