Охриѓаните Сашо Ѓорески и Ристе Маркоски кои настапуваат за Брегалница претрпеа пораз од Работнички 2-0 во првиот полуфинален натпревар во Купот на Македонија.

Штипската одбрана на „Филип Втори“ попушти уште во 27-та секунда кога беше казнета со погодок за кардиналната грешка. Конечните 2-0 ги постави Сулејманов во вториот дел.

Без победник и без голови заврши вториот полуфинален натпревар меѓу актуелниот првак Тетекс и Металург.

Реванш натпреварите во 1/2 финалето од Купота на Македонија се играат за месец дена.

Мх.П.