Водечките екипи на табелата во Првата лига, Вардар и Шкендија меѓусебно ќе се пресметаат во 1/4 финалето од Купот на Македонија.


Ждребката немаше милост и на мегдан ги однесе ривалите кои се најголеми кандидати за двојната круна сезонава во македонскиот фудбал.

Во преостанатите натпревари ќе се се сретнат Младост – Брегалница, Работнички Силекс и Македонија Ѓорче Петров – Хоризонт Турново.

Првите натпревари закажани се на 25 ноември додека реваншите седум дена подоцна односно на 2 декември.

Ohridnews