Лидерот на табелата во Општинската фудбалска лига, Лакочереј и Дебрца во полуфиналните пресметки од Општинскиот Куп на домашен терен ќе ги предизвикаат екипите на Охрид односно Сатеска кои се натпреваруваат во Третата лига.


Во полуфиналетo се игра еден натпревар во кој мора да има победник. Подобрите од двата мечеви ќе се сретнат во финалето кое се игра на „Атина Бојаџи“ стадионот.

Екипата што ќе триумфира во Општинскиот Куп следната сезона обезбедува директно учество во Купот на Македонија. a

Двојки:

Дебрца – Сатеска (17ч)

Лакочереј – Охрид (17ч)

OhridNews