Екипата на Металург во која настапува екс фудбалерот на Охрид, Александар Далчески за противник во 1/2 финалето во Купот на Македонија го добија актуелниот првак Тетекс.
На „металурзите“ повторно им се насмевна среќата во ждрепката откако во 1/4 финалето го елиминираа аутсајдерот Дрита, а претходно во скопската пресметка го исфрлија Вардар.
Во вториот полуфинален дуел ќе се сретнат Работнички и Брегалница кои во 1/4 го елиминираа Пелистер односно Шкендија.
Мх.П.