Екипата на Бутел Скопје ќе биде ривалот на охридскиот ракометен клуб во финалето од четвртфиналната фаза во Купот на Македонија. Победникот од овој дуел ќе обезбеди пласман на завршниот фајнл фор турнир во најмасовното клупско натпреварување во нашата земја.

Ракометарите на Бутел Скопје со мали проблеми, но според очекувањата ја оправдаа фаворитската улога, победувајќи го составот на Јуниор КВ со 32-26. Охриѓани, пак, во првата рунда од четвртфиналето ја совладаа Струга со 22-17.

Утрешното финале од групата Г се игра во 17 часот.

OhridNews