Боби Величков од Велес е назначен за главен арбитар на локалното дерби помеѓу Лабуништа – Охрид во 1/8 финалето од Купот на Македонија.
35-годишниот судија со оглед на големото искуство не би требало да има посериозни проблеми околу водењето на натпреварот. Величков од почетокот на сезоната до сега судел натпревари во двете Втори лиги, Купот на Македонија и Првата лига што доволно говори за каков арбитар се работи.
Асистенти на Величков ќе му бидат Петар Новачев од Велес и битолчанецот Николче Дрнковски. Четврти судија е Благојче Ралевски.
Првиот дуел од 1/8 финалето во Купот на Македонија се игра в среда со почеток во 15 часот и 30 минути на Градскиот стадион во Струга.
OhridNews