Кошаркарите на АВ Охрид, третото учество во Купот на Македонија го завршија во четвртфиналето. Непреминлива пречка за „галебите“ беше составот на Блокотехна кој славеше со високи 115-68 (27-18, 34-17, 25-14, 29-19).
Првиот меч од четвртфиналната програма комплетно помина во знакот на Блокотехна. Шампионот во БИБЛ лигата дилемите околу победникот ги реши после 20 минути игра. Избраниците на Марјан Илиески првата четвртина ја добија со 27-18, а втората со 34-17).
Блокотехна и покрај големата разлика не отстапи од јакото темпо на игра. Третиот квартал го доби со 25-14, а четвртиот 29-19 за конечна победа 115-68.
Во победничкиот тим се истакнаа новајлиите Божо Думиќ и Павле Михајлоски кои заедно искомбинираа 40 поени. Во екипата на АВ Охрид најефикасен беше Андреј Настоски со 14 кошеви.
Ривал на Блокотехна во 1/2 финалето ќе му биде победникот од дуелот помеѓу Гостивар – Фени Индустри.
OhridNews