Без изненадувања и во знакот на фаворитите поминаа четвртфиналните пресметки од завршниот турнир во Купот на Македонија, кој викендов се одржува во Спортската сала „26 април“ во Гевгелија.
Во првата четвртфиналната сребда Блокотехна со убедливи 115-68 го совлада АВ Охрид, Работнички со 104-80 славеше против Куманово, бранителот на трофејот МЗТ Скопје со 89-62 го победи Кожув, а полуфиналистите ги комплетираше Гостивар кој со 88-81 беше подобар од Фени Индустри.
Во полуфиналните дуели силите ќе ги одмерат Блокотехна – Гостивар (17:30ч) односно Работнички – МЗТ Скопје (20:15ч).
OhridNews