Завршниот турнир во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција ќе се одржи во Спортската сала „Автокоманда“ во организација на Ракометниот клуб Металург, соопшти Ракометната федерација на Македонија.

Денеска, покрај промоцијата на домаќин беа извлечени полуфиналните двојки во двете конкуренции. Во машкото полуфинале силите ќе ги одмерат градските ривали Вардар – Металург и Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер. Кај женските пак, во полуфиналните средби ќе се сретнат ЖРК Вардар – ЖРК Чаир односно ЖРК Куманово – ЖРК Металург.

Ф4 турнирите во Купот на Македонија ќе се одржат од 14 до 16 мај.

OhridNews