Екипата на Академија Пандев максимално го искористи домашниот терен совладувајќи ја Победа со 3-1 во првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Македонија.
„Пандевци“ од 53-та до 62-та минута три пати ја подогија мрежата на прилепчани и в ракаа го имаа билетот за финалето. Опуштањето во финишот го казни Победа која постигна почесен погодок кој им остави простор за надеж во пресрет на реваншот.
Во преостанатото полуфинале Македонија ЃП ја совлада Беласица со 1-0. Реваншите се играат на 10 април.
OhridNews