Со натпреварите од второто коло, во сабота, ќе продолжат возбудувањата во кошаркарската Суперлига.

Најпривлечниот натпревар ќе го одиграат Куманово и актуелниот првак МЗТ
Скопје Аеродром. Дуелот ќе биде реприза на финалниот меч во Купот на
Македонија, кој се одигра пред една недела, а во кој МЗТ ја освои
титулата.

На другите две средби, Кожув за противник ќе го има Работнички, додека Лирија ќе го пречека Фени индустри.

“Макфакс“