Натпреварот меѓу Куманово и АВ Охрид кој треба да се одигра в сабота во 19 часот е пред одложување, откако Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) ги суспендираше кумановчани.
Македонската куќа на кошарката суспендираше четири екипи Куманово, Кожув, Струмица и Карпош Соколи за неисплатени долгови кои достигнуваат до 400 000 денари.
Првиот човек на Куманово, Виктор Божиновски за Споретмедиа изјави дека клубот останува на ставот од претходно. – Ние три месеци зборуваме дека немаме намера да платиме, а сега тие бараат за еден ден да се плати. Комесарот вчера се јавувал кај нас во клуб и прашувал дали имаме можност да платиме до крајот на денот. Ова значи дека уште живеат во надеж оти ќе им платиме. Повторувам, нема да платиме по тие цени.
Суспендирањето на екипите и евентуалното одложување на натпреварите ќе биде нов проблем, бидејќи шампионатот започна подоцна од планираното поради цената за лиценците за странските кошаркари.
OhridNews