По четирите порази на стартот од Супер лигата во екипата на Куманово дојде до тренерска смена. Сега тимот го предводи Миодраг Јованоски – Црни, а пред дуелот со Охрид се засилија со Виктор Петковски, кој потекнува од школата на Металург.
Натпреварот се игра в сабота во 18 часот, а од кумановскиот клуб порачуваат дека истрајно работат на новиот проект, кој тежнее на ракометари од сопствената школа.
Тие во Охрид се надеваат и атакуваат на првите бодови во овогодинешната сезона во Супер лигата. Охриѓани во два натпревари на домашен терен имаат забележано една победа и реми.
Мх.П.
Фото : „Куде.мк“