Ракометарките на Лихнид го претрпа вториот пораз сезонава во Младинската лига, откако на домашен терен изгубија од ракометарките на Куманово 29-21 (14-10).

„Китовите“ одиграа меч под своите можности во двата правци, а Куманово со сиот свој квалитет го искористи и стигна до лесна и убедлива победа.

Кумановчанки се одлепија уште на стартот поведувајќи со 5-2, а потоа и со 8-4. На средината од првиот дел на семафорот стоеше 12-6. До крајот на полувремето домашните ракометарки надополнија два голови од негативата за 14-10 на полувреме.

Во воведнити минути од вториот дел гостинките ја вратија предноста од шест голови (17-11), а стигнаа и до највисока предноста од осум погодоци (20-12). „Китовите“ немаа сила за нов резултатски кам бек и мораа да им пуштат рака на противничките.

Голгетерски во составот на Лихнид се истакнаа Теодора Балоска со седум погодоци и Викторија Алексиоска со пет голови, но нападот не беше на ниво правејќи голем број на технички грешки. Одбраната исто не функционираше и дозволи лесни погодоци, a свој ден немаа ниту голманките кои искомбинираа шест одбрани.

OhridNews