На 18 септември, во Спортската сала во Куманово, екипите на Вардар и Металург, ќе се сретнат во ракометниот Супер куп на Македонија.

Во Супер купот на Македонија ќе учествуваат шампионот од Супер лигата тимот на Вардар кој е и актуелен европски првак и освојувачот на трофејот во Купот, Металург.

Во принцип, дуелот во Супер купот на Македонија треба да означи почеток на новата сезона, но во нашиот ракомет оваа година не е така и ќе се одигра следниот викенд кога на програмата ќе биде втората рунда од македонскиот шампионат.

Минатата година, Супер купот на Македонија се одигра во рамките од Меѓународниот турнир во Струга и беше вистинска најава за возбудувањата кои следуваат во ракометот.

OhridNews