Тренерот на Барселона, Роналд Куман, изјави денеска оти победа во натпреварот против Динамо Киев во групната фаза од Лигата на шампиони (ЛШ) е императив доколку неговиот тим сака да обезбеди пласман во осминафиналето.
Играме важен натпревар, играме за својата иднина во ЛШ. Откако загубивме два натпревари, сега мораме да победиме, нема друго решение, изјави Куман на денешната прес-конференција.
Барселона утре на својот стадион го пречекува украински Динамо Киев во рамки на 3. коло како последно пласирана во групата Е без бодови, по стартните порази од Баерн Минхен (3-0) и Бенфика (2-0).
Во минатото само Њукасл во 2002 и Аталанта во 2019 година успеаjа да ја минат групната фаза во ЛШ, откако претрпеа порази во воведните три кола.
OhridNews