Селекторот на Холандија, Роналд Куман во домашни услови ќе се рехабилитира од хируршкиот зафат на срцето.
Легендарниот фудбалер на Ајакс и Барселона, пред два дена беше задржан во болница поради проблеми со срцето. Докторите го оперираа и после новите прегледи, констатираа дека неговата здравствена состојба е стабилна и може периодот за рехабилитација да го помине во својот дом.
Куман и Холандската фудбалска федерација се уште се немаат обратено во јавноста, дали ќе продолжи соработката со оглед на новонастаната ситуација со здравјето на актуелниот селектор.
Клиниката од Амстердам, каде што беше опериран Куман отфрли заразеност од вирусот Ковид -19.
OhridNews