Составот на Барселона брзо ќе го реши прашањето околу новиот тренер после врачениот отказ на Кике Сетиен. Изборот паднал на Роналд Куман, кој е актуелен селектор на холандската фудбалска репрезентација.

Куман и Барселона имаат нераскинлива врска. Холанѓанецот во 1992 година во финалето против Сампдорија во Лигата на Шампиони го постигна единствениот погодок кој на каталонците им донесе европска титула. Од тогаш Куман е голем миленик на навивачите од Барселона.

Долги години наназад Куман се поврзуваше со Барселона, но (нова) соработка никогаш не се случи. Сега е вистински момент, затоа што шпанскиот гигант минува низ тежок (резултатски) период и неопходна му е цврста рака на тренерската позиција.

Куман планира да се откаже од ангажманот селектор на Холандија, со цел да се фокусира на Барселона и нејзиниот напредок.

OhridNews