Холандскиот стратег Роналд Куман, денеска, имаше официјална промоција на позицијата тренер на Барселона. Некогашниот ас на каталонците на тренерската позиција го замени Кике Сетиен кој доби отказ после неуспешната сезона во Ла лига и Лигата на Шампиони.

Куман изрази големо задоволство од шансата да работи како тренер во Барселона. Холанѓанецот како фудбалер имаше фантастичен успех со клубот освојувајќи ја титулата во Лигата на Шампиони во 1992 година.

Секој знае дека Барселона е мојот клуб од соништата. Можноста да работам во овој клуб кај мене предизвикува посебни чувства. – изјави Куман.

Куман изминативе две години работеше како селектор на Холандија, а, претходно беше тренер на Саутемптон, Евертон, Ајакс, Бенфика, ПСВ Ајндховен и Валенсија.

OhridNews