Во Културно-информативниот центар „Култура 365“ во Охрид, денеска, 2 јули, со почеток во 20. 00 часот, спроти денот на свети Наум ќе се одржи културно-уметничка вечер во чест на свети Наум и на седмочисленичката дружина, но и на други светители…

Пригодна беседа во чест на светителот, под наслов „Свети Наум на фонот на македонската културна историја“, ќе одржи д-р Димитар Пандев.

Во рамките на манифестацијата ќе се говорат пригодни говори и песни од св. Наум и за св. Наум.

OhridNews