Нуркачите од Нуркачкиот Центар „Амфора“ од Охрид во соработка со НУ Завод и Музеј Охрид успешно го реализира проектот ,,Културно историски знаменитости во Охридското Езеро“.

Во Музејот на вода е поставена информативна табла каде што со скенирање на QR код туристите ќе можат да го погледаат видеото и да се запознаат со Подводното културно наследство во Охридското Езеро. На прикажаното видео можат да се види и подводниот археолошки локалитет Плоча Миќов Град, велат од „Амфора“.

Покрај населбата, во близина на локалитетот на 18 метри длабочина има и поединечни наоди на цели и фрагментирани покривки Лаконски тип на тегули кои како градежен материјал се употребувале во периодот од 6-ти век пр.н.е. па се до 7-ми век наша ера, како и складишни садови – питоси на 5, 34 и 45 метри длабочина, кои според карактеристиките датирани се во периодот на доцната антика (V – VI век, н.е), додаваат од „Амфора“.

Проектот е финансиран од Општина Охрид и Одделението за туризам и локален економски развој.

OhridNews