Градоначалникот Константин Георгиески, вчера, имаше средба со градоначалникот на Модра од Република Чешка Мирослав Коварик. На средбата се разговарало за воспоставување на поблиска соработка меѓу двата града, особено во областа на културата и туризмот.
Гостинот го информирал градоначалникот Георгиески за реализацијата на проектот за откривање и популаризација на патот на Св. Кирил и Методиј во Моравската мисија и негова валоризација како културно- туристичко подрачје.
Било најавено дека на градоначалникот Георгиевски, како прв човек на Охрид, градот на Св. Климент и Наум, првите и највредни продолжувачи на делото на Св. Кирил и Методиј, ќе му биде испратена официјална покана за посета на градот Модра, при што подетално ќе биде запознаен со проектот кој е сертифициран од Советот на Европа.
OhridNews