Делегација од книжевници и културни дејци кои гравитираат околу Културно-информативниот центар „Култура 365“ од Охрид, вчера престојуваше во посета на албанскиот град Поградец.

Македонските културни дејци се сретнаа со претседателот на огранокот на Македонското друштво „Преспа“, Јован Шкмби, на кого му беа донирани дела од писателите Шипинкароски, Јузмески и Илиевски.

На средбата се разговараше за општите состојби во културниот живот на Македонците во Албанија, а исто така беа разгледани идеи за идна прегранична соработка во полето на културата.

Инаку, делегацијата која престојуваше во Поградец ја сочинуваа м-р Лидија Размоска од КИЦ „Култура 365“, поетот Тоде Илиевски, писателот Петко Шипинкароски – главен уредник на списанието „Бран“ и писателот Мишо Јузмески.

OhridNews

фото: „Мишо Јузмески“