По повод роденденот во фоајето на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде отворена изложба на охридските уметници Ели и Коста Аиноски. На прославата што ќе биде зачинета со театарската претстава „Граница“, свое обраќање ќе има авторот на текстот според кој е работена претставата, Венко Андоновски. На свеченоста свое обраќање ќе имаат и претставници на локалната самоуоправа кои се очекува да ја официјализираат иницијативата за формирање професионалeн театар во Охрид, иницирана од Л.К. „Лихнидос“.
Културниот хепенинг ќе биде надополнет со перформанс на познатиот актер Сашко Коцев.